Побарувачката за БЕВ е погодена од постепено укинување на државните стимулации, уделот на приклучни хибриди расте.
Продажбата на нови автомобили пазарите во ЕУ, ЕФТА и во Велика Британија, cпоред АСЕА, европска асоцијација на автомобилски производители, регистрациите на нови возила се искачија на 995.059 примероци минатиот месец. Производителите на автомобили во регионот имаа солиден почеток на годината, но зголемените каматни стапки и рецесијата во Германија, најголемиот пазар на автомобили во Европа, негативно се одразуваат на купувачите.

Најлошо поминуваат БЕВ на чија продажба негативно влијаат исклучувањето на државните субвенции за набавка. Тоа најмногу се чувствува во Германија каде минатиот месец падот изнесува 15 отсто. Не помогна ниту финансиската компензација на производителите преку попусти што се доделуваат на купувачите на БЕВ. Постепеното укинување на стимулациите за ЕВ спонзорирани од државите сериозно го дестабилизира пазарот. Втора сериозна пречка поврзан со купувањето на БЕВ, според АСЕА, е инфраструктурата на полначи.
Купувачите повеќе се расположени кон приклучните хибриди чиј позитивен тренд во февруари се зголеми за 12 отсто. Прокнижени се 72.376 продажби, а трендот на зголемување на PHEV е забележан и во САД. Производителите сè повеќе се потпираат на нив за да ги исполнат целите за емисија на CO2 и достигнаа и над 100 км електрична автономија. Критичарите велат дека приклучните хибриди се возила со „усогласеност“ кои имаат многу повисоки емисии во реалниот свет, бидејќи корисниците не ги надопнуваат нивните батерии често.
Исто така, дополнителното вградување на батерии и електро-мотор на веќе постоечкиот со внатрешно согорување, ги прават производствените трошоци високи. Сепак, менаџерите на европските премиум брендови се едногласни дека се подготвуваат за стабилна или зголемена продажба на приклучни хибриди бидејќи овие модели ќе останат релевантни многу години.
Ваквиот тренд го подржува и кинескиот BYD, најголемиот светски производител на возила на нова енергија, кој подготвува нова генерација на приклучни хибриди со зголемена автономија и поекономичен бензински мотор. Најпродавани PHEV во февруари беа Volvo XC60 со 4.277 и Porsche Cayenne со 3.596 продадени единици.



