По лансирањето, кога Passat се претстави со благи хибриди, сега VW ја прошири понудата со нови погони
Омилениот караван од палетата на VW доби засилувања со кои сега може да одговори на сите потреби и намени. Најзначајно е воведувањето на два приклучни хибриди со сила од 204 и 272 коњи. Зад ознаката eHybrid стои синергијата на електричен мотор од 85 kW комбиниран со 1,5 литарскиот TSI со две моќности, од 150 и 177 КС.
Тоа овозможува комбинирана сила од 204 и 272 коњи. Батеријата со капацитет од 19.7 kWh овозможува на струја да се поминат до 120 километри Покрај засилената електрификација не се забораваат ниту дизел агрегатите. На понудата приклучени се два TDI модели со 122 и 193 КС. Изведбите со посилниот мотори доаѓаат стандардно со погон на сите тркала.
За погонските засилувања остануваат четирите нивоа на опременост, од базичното Passat преку Business па до Elegance и R-Line.


