Гордоста на препородениот женевски салон како некогашна мека за дизајнерските студија годинава ја одбрани само Pininfarina
Централното место на штандот на италијанското дизајнерско студио и скоро целото внимание беше резервирано за компактниот кросовер развиен за брендот Foxtron. Сега со нов дизајн, електричната надеж на новопечениот тајвански производител познат по електрониката е наменет за луѓето кои живеат со модерните технологии. Затоа и тој е исполнет со нив, почнувајќи од ЛЕД графичките елементи на надворешноста за комуникација со другите учесници во сообраќајот до сето она што го содржи внатрешноста. Што конкретно е тоа ќе дознаеме набргу, бидејќи сериското производство му е испланирано за годинава.
Похрабрите имаа можност да ги испробаат и виртуелните технологии на концептот со водородна душа, кои засега се од онаа страна на границите што човечкиот ум може да ги замисли.



