Франција – Надмината квотата за „соционалниот лизинг“ за ЕВ

Француската влада ја стопира програмата за субвенционирање за закуп на ЕВ поради големата побарувачка

По само еден месец од воведувањето на „социјалниот лизинг“, француската влада ја прекина програмата поради надминување на проектираните трошоци. Буџетот оформен за оваа намена предвидуваше субвенционирање на 20.000 закупи на електрични автомобили во текот на годинава, но се јавија 50.000 апликанти. Според програмата, луѓето со годишен приход помал од 15.400 евра, можат да изнајмат електрично возило за 100 до 150 евра месечно.

Владата ја започна програмата за да ја зголеми побарувачката на ЕВ кај луѓето кои инаку не можеа да си ги дозволат. Затоа буџетираше 1,5 милијарди евра за да понуди 20.000 закупнини во рамките на програмата за оваа година, но поради огромната побарувачка квотата се зголеми на 50.000 закупи. Со ова „социјалниот лизинг“ прекинува да се нуди оваа и ќе продолжи повторно следната година.

Француските власти даваат паричен поттик од 5.000 до 7.000 евра за купување на ЕВ и на тоа ќе потроши дополнителни една милијарди евра годишно. За да се квалификуваат за двете програми, возилата треба да исполнуваат ограничувања за тоа колку јаглерод е емитуван во атмосферата во нивното производство и испорака, мерка дизајнирана како брана за возилата од кинеско производство. Листата на подобни модели вклучува 24 производи од Stellantis и пет од Renault. Тесла Модел Y е подобен, но не и неговиот Модел 3.

Dacia Spring произведен во Кина е исклучен од листата на подобни возила.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER