Оптимизмот што го влеваше продажбата на возила мината година како да слабее. Проценките за тековната година не се толку розеви, а веќе се јавува нова криза во светската индустрија поттикната повторно од потешкотиите во ланецот на снабдување, поточно во бродскиот транспорт. Терористичките напади на товарните бродови во Црвеното море повторно ги принудија производителите за прекин на производството на покус рок. Тоа како да не ги плаши кинеските марки кои подготвуваат силно присуство на светските пазари. Господарот на прстените ја покори пустината со победата на најтешкото рели на планетава, Дакар. Таму за прв пат победува со својот Audi RS Q e-tron. Во Македонија пристигна знаменосецот на БЕВ од Волфсбург. Во Порше Македонија изложен е VW ID.7.


