Chery – Три бренда во Европа до 2026 година

Кинескиот производител, сем лансирање на три марки, ја разгледува можноста да изгради фабрика во Европа

Велат тивка вода брег рони. Колку и да делува чудно, Chery иако котира на седмата-осмата позиција според обемот на кинеското производство, веќе 21 година е најголем кинески извозник на автомобили. Според податоците што ги објави компанијата лани се произведени 1,9 милиони возила, што е за преку 50 отсто повеќе од 2022 година.

Извозот пак порасна за енормни 101 отсто и достигна 937 илјади единици. Chery има амбициозни планови да основа три брендови во Европа, да лансира три нови модели за секоја марка и сите во рок од две години. Пробивањето на европскиот пазар, иако во минатото имаше неколку обиди, треба да се случи годинава со лансирањето на кросоверот Omoda 5 со бензински мотор. Тој ќе пристигне во продажните салони напролет, а потоа следи и неговата БЕВ верзија.

Иако производителот не сака да ги позиционира брендовите на Chery во буџетскиот сектор во однос на цената, но сепак планира тие да бидат многу конкурентни. Целосно електричната верзија на Omoda 5 би требало да чини под 40.000 евра.

Потоа ќе следи брендот Јаесоо со луксузното спортско корисно возило Јаесоо 7. Кругот ќе го затвори Exeed, уште еден бренд со амбиции во премиум сегментот со моделот Exlantix. Планот е марките Cherу и Јаесоо да се менаџираат заеднички додека Exlantix ќе има независно управување. Така ќе се одвива и продажбата.

Првите два бренда ќе се продаваат преку дилерска мрежа со договори со етаблирани трговци бидејќи тие најдобро го знаат својот продажен регион. Исто така, салоните на Omoda и Jaecoo ќе бидат многу попрагматични од оние на нивните конкуренти. Брзиот настап на пазарот на трите марки ќе биде проследено со нивното различно позиционирање на пазарот. Темата за производство во Европа е актуелна.

Стратегијата на меѓународно проширување Chery ја поткрепува со локални инвестиции. Во државите кои имаа високи царински давачки се развиви мрежа на кооперанти кои ги монтираат возилата, па така денес Chery се смета за домашна марка во 15-тина земји низ целиот свет.

Во списокот се вбројуваат Аргентина, Виетнам, Индонезија, Малезија, Тајланд и Уругвај. Како резултат на тоа компанијата основана во 1997-мата досега во странство има пласирано вкупно 3,35 милиони возила. Бројката секако ќе расте, а во плановите е предвидено и отворање на фабрики во Велика Британија и континентална Европа.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER