VW – ChatGPT & Golf

На саемот за конзумерска електроника во Лас Вегас VW го прикажа гласовниот асистент со ChatGPT и рестилизираниот Golf

Во соработка со Cerence, софтверска компанија која развива вештачка интелигенција за употреба во возилата, VW ќе ја интегрира функционалноста на ChatGPT во програмите за гласовна помош во своите автомобили. ChatGPT ќе биде достапен за клиентите во Северна Америка и Европа од почетокот на вториот квартал годинава.

Ажурираниот гласовен асистент може да ја контролира забавата во автомобилот и да одговара на општи прашања поставени од патниците. Во иднина, системот ќе може да разговара со возачите и да комуницира на други начини, а функцијата ќе биде достапна преку ажурирање „преку воздух“. ChatGPT нема да има никаков пристап до податоците за возилото. Предност на овој систем е што корисниците ќе ги прилагодуваат функциите на своето возило без да допираат копче, туку преку дијалог.

Системот ќе може преку говорна команда да ги прилагодува седиштата, температурата во возилото, па дури и да препорача ресторани во зависност од тоа каков вид храна сакаат патниците да конзумираат. VW е првиот волуменски производител на возила што сериски ќе ја понуди оваа технологија. Гласовниот асистент ќе биде вклучен во неколку модели како што се ID4, Tiguan и претстојниот Golf кој е, исто така, покажан на смотрата во „градот на гревот“.

Ова ќе биде последниот Golf со конвенционални мотори, а во 2028-та ќе дојде електричниот наследник. За оваа пригода има нови светла и браници, доби поголем екран на допир и сменети се критикуваните копчиња чувствителни на допир на воланот. На горниот дел од централната конзола инфозабавниот сега доби поголем дисплеј во стил на таблет.

Надворешноста претрпе типично мало преуредување кое се состои од нови светла и браници, и детали какошто е светлосниот амблем на компанијата. Предните браници сега имаат мали елементи во боја на каросеријата во форма на хокеарски стап. VW не наведе дали и какви промени ќе има во моторите.

Бидејќи е претставен со беџот GTI, најверојатно таа верзија ќе биде задвижувана со дволитрениот турбо-бензинец од 265 КС. VW би требало да го прикаже изгледот на Golf без камуфлажа кон крајот на месецот.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER