Десет месеци пред комерцијалното лансирање на R 5 E-Tech Electric, Renault ги дава првите „трошки“ за него
Ерата на електрични модели што допрва ќе ја започне Renault е препуштена на својата, за оваа намена оформена филијала, Ampere. R 5 E-Tech Electric ќе се појави на пазарот на есен следната година, но своето деби ќе го има на Саемот за автомобили во Женева на крајот на февруари.
Возилото е долго 3,92 метри и има опсег на WLTP до 400 километри со батерија од 52 kWh. Подоцна ќе има и помала батерија со 40 киловат часови. Во горниот дел од хаубата, индикаторското светло за полнење го заменува доводот за воздух на историскиот модел.
Се пали како број „5“ кога возилото е целосно наполнето. Renault 5 E-Tech Electric, кој визуелно му се поклонува на својот претходник објавен во 1972 година, е дизајниран за двонасочно полнење и е првото возило што е изградено на новата платформа AmpR Small. Почетната цена треба да биде околу 25.000 евра.



