Највисоки оценки на европскиот тест за безбедност на автомобилите
Европските производители остануваат без уште еден аргумент против кинеските возила кои на најновите тестирања спроведени од EuroNCAP покажаа високото ниво на безбедност.
Сите три модела, Xpeng P7, BYD Seal и Dolphin освоија максимални пет ѕвездички исто како и летово Nio ET5 и EL7 и тоа во најстрогите тестови досега. Она што посебно е значајно е што разликите меѓу нив се мали, без оглед на класата на која припаѓаат.
Најслабо се покажаа во проверката на безбедносните системи, што на Кинезите им става до знаење каде треба да ги насочат подобрувањата. Тие секако ќе ги искористат резултатите од овие тестирања за освојување на сé уште скептичните европски купувачи, за што имаат големи планови.


