Со симфонија од сензуални линии и моќни емоции, Alfa Romeo со гордост го објави повторното раѓање на иконата од 1960-тите – легендарниот 33 Stradale, од кој беа направени само 18 примероци. Сметан од многумина за еден од најубавите автомобил на сите времиња, тој ја отстапи својата душа на новиот спортски модел наречен Alfa 33 Stradale.


