Место роденденска торта
По повод 60-годишнината на култниот 911, Porsche подготви специјално издание во серија од 1963 примероци
Тркачки автомобил наменет за регуларен сообраќај, само за ентузијасти и колекционери, најлесен од сите, но и најскап – тоа е Porsche 911 S/T, ограниченото славеничко издание лансирано по повод 60-годишнината на култниот модел. Механиката му е од 911 GT3 RS, каросеријата од GT3 плус Touring пакет а тежината намалена за цели 70 килограми. Менувачот мануелен со шест степени, а атмосферскиот четирилитарски боксер кој се врти до 9.000 пати во минута со 525 KS ќе го натера во спринт до сто за 3,7 секунди и максимални 300 km/h. Дисковите се од композитна керамика, предните тркала се со димензии се 255/35 ZR 20, a задните кои се погонски и не се управливи 315/30 ZR 21. Направен за максимално уживање во возењето на кривулести патишта има школкасти седишта, а кој сака по желба може да го добие и со стартен број на вратите. И сето тоа за 292.187 евра, што е за 100 илјади повеќе од 911 GT3 Touring и за 40 илјади од GT3 RS. Кој сака, може да добие и специјален Porsche Design часовник, но за тоа ќе плати 11.950 евра.



















































