Volvo ја крати понудата во Велика Британија

Без седани и каравани

Заради слабата продажба на седаните и караваните, Volvo ги исфрли од својата британска понуда

Трендовите се јасни – кросоверите владеат со пазарот но како  тргнало еден ден можеби нема веќе да има класични автомобили во продажните салони. Таква судбина го снајде Volvo кој заради слабата продажба од својата британска понуда ги исфрли седаните и караваните, поточно моделите S60/V60 и S90/V90 кои ќе се продаваат само до расчистувањето на залихите и по нарачка за големите купувачи –  полицијата на пример. Сигнали дека ова ќе се случи имаше веќе некое време – продажбата на S60 уште лани, додуша привремено, беше запрена, а на почетокот на летово и на S90. Така сега Британците од гамата на Volvo ќе можат да бираат меѓу XC40, C40, XC60 и XC90, на кои во иднина ќе им се придружат и EX30 и EX90.

На глобално ниво Volvo во првата половина од 2023 година има продадено околу 18 илјади примероци од S60, 16 илјади од V60, 23 илјади од S90 и само нешто над 7 илјади од V90. Вкупната продажба изнесуваше околу 342 илјади возила, од кои најмногу XC60  – 106 илјади.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER