На буквата, на буквата… Т!
VW регистрираше шест имиња за идните новитети
Во германскиот завод за заштита на индустриската сопственост Volkswagen регистрираше шест (всушност пет) имиња за своите идни новитети – Tivas, Tyber, Therion, Teria, Tarokko и Taroko. Бидејќи сите почнуваат на буквата Т (како и Touareg, Tiguan, T-Roc, Taigo, T-Cross…) не е тешко да се претпостави дека се наменети за кросовери. Тоа што и Touran почнува на истата буква ништо не значи бидејќи трендовите на пазарот се јасни. А тие покрај кросоверите, ги фаворизираат и електричните возила.
Регистрирањето на овие имиња кои патем кажано освен за возила се заштитени за употреба и во категориите игри, играчки, видео игри, рекламирање и градежни возила, не значи и дека навистина ќе бидат употребени. Меѓу нив единствено последното наведено во две верзии асоцира на нешто што веќе сме го виделе од VW – пикапот Tarok од 2018-тата. Сепак за некакви планови за настап на марката со нов модел од оваа класа, досега се нема слушнато.



