Tesla Cybertruck – Надмина 1,9 милиони нарачки

Сите неуспеси и одложувања само ги мотивираа купувачите на Tesla

Tesla Cybertruck беше најавуван како првиот целосно електричен пикап. Поради многуте одложувања на производството тие намери на Илон Маск не се остварија. Пред него го претркаа Ford F-150 Ligthning и Rivian R1T кои веќе втора година се присутни на пазарот.

Сепак се испостави дека аглесто дизајнираните огромни пропорции на Cybertruck магично делуваат на купувачите. Неговата испорака на купувачите треба да започне кон крајот на годинава, а листата на резервации за кратко ќе ја надмине популацијата на Македонија. Досега Tesla има примено нешто повеќе од 1.950.000 нарачки, а таа бројка секојдневно се зголемува.

Засега Cybertruck се произведува само во Гига фабрикат во Тексас, но како стојат работите ќе мора да се вклучи уште некој производствен капацитет на Tesla. Времето на чекање е продолжено на околу пет години. Во САД најевтиниот Cybertruck, верзијата со еден мотор, би требало да чини од 49.900 долари, што е за 10.000 долари повеќе отколку што беше најавено пред четири години. Најскапата изведба е Quad Motor, која наводно започнува од 99.900 долари.

Сепак, кога Илон Маск е во прашање сé е можно, па за цените ќе се дискутира кога ќе започнат испораките, кон крајот на годината.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER