Volvo EX90 – Одложен за 2024 година

Поради проблеми со софтверскиот код на системот LiDAR, Volvo ја пролонгира комерцијализацијата на ЕХ90

Луксузното електрично спортско-корисно возило кое требаше да започне да се продава годинава е одложено за следната година. Volvo откри дека причината зад неодамнешното шестмесечно одложување на целосно електричниот EX90 се сведува на софтверската сложеност на неговиот напреден систем LiDAR.

EX90 не е првиот сериски автомобил што користи LiDAR, тој е првиот Volvo со таква технологија. Главниот извршен директор на Volvo Cars, Џим Руан, потврди дека „комплексноста на софтверскиот код“ поврзан со напредниот безбедносен систем е причината за неговото „одложување од пет или шест месеци“.

Иако Швеѓаните самите го развиваа поголемиот дел од софтверот сакат да бидат сигурни дека системот ќе работи како што треба. LiDAR што го користи Volvo е направен од Luminar Technologies. Системот е дел од напредниот пакет за следење на патиштата на EX90 кој вклучува камери, радари и ултразвучни сензори и може да детектира пешаци до 250 метри. Luminar, исто така, го снабдува производителот на автомобили со својот софтвер Sentinel кој треба да се интегрира со софтверот во автомобилот на EX90.

На овој потег Volvo се одлучи согласно својата политика за безбедност. Покрај останатите системи за активна безбедност, LiDAR може да ги намали несреќите до 20 проценти, а севкупното избегнување судари може да се подобри до 9 проценти. Volvo ќе го произведува EX90 во својата фабрика во Риџвил, Јужна Каролина. Додека првичниот план предвидуваше производството да започне кон крајот на 2023 година, сега е одложено до средината на 2024 година.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER