Afeela – Најавува нова револуција кај EV

Здружувањето на Sony и Honda за изработка на ЕВ се потпира врз чиповите на Qualcomm

Првото ЕВ Afeela од партнерството на Sony и Honda ќе ги користи сите водечки технологии на Qualcomm. Автомобилот што се најавува за почетокот на 2026 година се обликува да биде оптоварен со технологии што може да направи другите ЕВ да изгледаат малку примитивни.

Клучен играч во проектот е Qualcomm Technologies. Производителот на чипови и развивач на вештачка интелигенција треба да го опреми првиот производствен модел на Afeela со својата дигитална платформа Snapdragon, способна да врши 800 трилиони (осумстотини илјади милијарди) операции во секунда.

Тоа е далеку повеќе од чиповите што денеска се користат во сегашните сериски автомобили кои можат да вршат од 10 до 50 трилиони операции во секунда. Згора на тоа се најавува дека Afeela ќе има не помалку од 45 сензори, вклучувајќи осум камери и еден LIDAR. Сите овие ќе бидат надгледувани од Qualcomm Snapdragon Ride со фокус на функциите за автономно возење. Чиповите ќе се користат за 5G мобилно и WiFi поврзување. На овој начин улогата на Qualcomm во проектот е поголема отколку онаа на Sony Honda Mobility.

Afeela EV ќе биде првиот производ каде сите технологии ќе бидат вградени на едно место. За Qualcomm вештачката интелигенција е во преден план и таа ќе овозможи сите мултимедијални технологии што ги развива со текот на годините да се применат во автомобилот.Техничките спецификации за Afeela сè уште не се познати, но компанијата сака да започне со прифаќање на нарачки во првата половина на 2025 година пред да започнат испораките во 2026 година.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER