Porsche Macan – Останува верен на цилиндрите?

Развојот на синтетичките горива и расположението на купувачите ги враќаат во игра моторите со внатрешно согорување

Новиот целосно електричен Porsche Macan треба да биде претставен во првата половина на 2024 година, но сегашниот модел со мотори на внатрешно согорување би можел да остане подолго во понудата отколку што првично се очекуваше. Porsche најверојатно ќе ја ревидира својата одлука за пензионирање на Macan со мотор на согорување во 2025 или 2026 година, благодарение на големиот интерес за него.

Првично компанијата сакаше Macan да прерасне исклучиво во ЕВ, но полека се повлекува од тој став. Најголемо влијание има инфраструктурата на полначите, особено во САД. Како што е познато, Porsche, за разлика од VW,  не е заинтересиран да ги користи Tesla Superchargers туку се обидува да најде што е можно повеќе полначи од другите оператори. Macan е најпродаваниот модел на Porsche во САД, и покрај неговата старост, сочинува една третина од продажбата на марката.

Втора причина за продолжување на животниот век на Macan со класичен погон е желбата на компанијата да ја подмлади просечната старост на своите купувачи која изнесува над 50 години. Во фокус се помладите купувачи и припадничките на понежниот пол. Porsche смета дека тие групи на купувачи, наспроти забрзаната електрификација, сеуште се инфицирани со октаните и сакаат да имаат спортски кросовер со класичен мотор. На оваа констатација се надополнува инвестицијата на Porsche во производство на синтетички горива кои се неутрални загадувачи.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER