Казна до 80 евра
Во еден германски град е донесена забрана за трескање на вратите од автомобилите
Низ светот постојат чудни правила и закони, за кои не секогаш можат да се сфатат причините за нивното донесување. Тоа не е случај со германскиот град Ердманхаузен каде властите воведоа забрана за трескање на вратите од автомобилите од едноставна причина – да се намали непотребната бучава во секојдневниот живот. Според нивната едногласно донесена одлука возачите и патниците ќе мора да внимаваат да не ги вознемируваат останатите луѓе во нивното непосредно опкружување кои во споменатиот град ги има околу пет илјади. Инаку, следи казна до 80 евра. Со слични санкции ќе се соочат и оние кои ги оставаат моторите на возилата да работат, доставувачите кои растовараат стока создавајќи бучава и сите оние кои ќе ја користат сирената на возилото без оправдани причини или подолго отколку што треба.


