Премиера Renault Rafale – Кросовер купе со премиум амбиции

Стремејќи се кон небесните височини, Renault на воздухопловниот саем во Париз ја престави купе верзијата на Austral наречена Rafale.

Спуштениот покрив прави атрактивниот кросовер да изгледа поелегантно и отмено, што француските дизајнерите го нагласија и со некои стилски детали.

Долниот дел од браниците и праговите под вратите се со црни облоги со остри линии. Дневните светла се во облик на стрелка, а маската со дијамантска шема. На високо издигнатиот заден дел пријатно обликуван за очите е интегриран мал спојлер под кој се поставени светлата во облик на буквата Y.

Во внатрешноста владее дигиталниот кокпит со два големи екрани и head-up дисплеј, а од Renault нагласуваат дека и покрај спуштениот заден дел има доволно простор за главите на патниците.

Според габаритите Rafale е за број поголем од Megane Conquest. Во моторната понуда засега е само 1,2 литарскиот трицилиндричен турбо агрегат кој комбиниран со електромотор располага со  200 коњски сили.

Подоцна ќе биде понудена и 300-коњска плаг-ин варијанта со погон на сите четири тркала и посебно калибриран систем за управување. Продажбата на Rafale кој ќе се произведува во Шпанија ќе стартува напролет идната година, кога ќе бидат познати и цените.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER