VW ID.7 – Што се крие зад 700 километри дострел?

VW открива како стигна до фантастичната автономија на својот електричен модел од високата средна класа

Поговорката „Зад успешните мажи стојат силни жени“, во светот на автомобилите може да се преиначи во „Зад успешните автомобили стои добрата аеродинамика“! Ова најдобро го потврдува приказната на ID.7, модел кој официјално според нормата WLTP може да помине 700 километри со едно полнење.

Се разбира дека најважен е погонот и капацитетот на батериите, но од нив да се извлече максимум, неопходна е софистицирана аеродинамика. Кај лимузините како ID.7, обликот на каросеријата сочинува околу 50 проценти од вредноста на отпорот на воздухот на возилата.

Тркалата и пневматиците влијаат околу 30 отсто, подот на возилото со 10 отсто, а функционалните отвори низ кои струи воздухот, исто така со 10 отсто. Водени од овие правила дизајнерите и инженерите на VW соработуваа за да го конструираат новиот ID.7 кој е најаеродинамичниот ID. модел досега.

Уште во раните фази на развојот интензивно се работеше на споменатите елементи. Така VW ID.7 има речиси целосно затворено подвозје дополнето со ново развиените спојлери на предните тркала. Тие го водат воздухот под возилото се добие минимална турбуленција. Ова е од круцијално значење бидејќи кај електричните возила, тркалата имаат поголем придонес за добрата аеродинамика.

Исто така, кај ID.7 протокот на воздух активно се контролира со ролетната на радијаторот. Таа се отвора само кога треба да се оствари насочено ладење на енергетските единици и батеријата. Уште од почетокот на развојот на дизајнот на ID.7 користени се компјутерски симулации.

Во нив се обезбедуваат податоци преку CAD (Computer-Aided Design) симулации каде неколку илјади процесори ги пресметуваат вредностите на протокот на воздух на сите површини од автомобилот. Виртуелно добиените податоци се верифицираат преку модел направен од глина во реални диманзии со милиметарска прецизност.

Тој се подвргнува на тестирања во воздушен тунел. Резултатот од оваа детална работа е Cd вредност од 0,23, најдобриот коефициент на отпор на воздухот од целото Volkswagen ID. семејство.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER