Во својата електрична трансформација VW не ја заборава својата историја. Пред една година претставено е комбето ID Buzz, а веќе за следната пролет на европскиот пазар доаѓа верзијата со продолжено меѓуоскино растојание. Нови мотори и батерии се само дел од новостите предвидени за електричното комбе, кое, судејќи според интересот на пазарот, може да стане икона како неговиот далечен роднина Bulli.


