Како дел од стратегијата за продажба, американците во игра го уфрлаат Pentastar V6 моторот со благ хибриден систем eTorque
Американскиот специјалист за пикапи прави нов потег за да направи пробив на европскиот пазар. Моделите на RAM се големи и имаат масивни мотори што за Стариот континент не е најпогодна комбинација. Затоа моделот RAM1500 доби нов, помал мотор.
Станува збор за 3,6 литрениот V6 Pentastar засилен со благ хибриден систем eTorque. Моќниот мотор кој испорачува 305 коњски сили и 364 Nm вртежен момент, нуди значителни придобивки за економичноста поради благиот 48 волтен хибриден систем.
Во техничката спецификација се тврди дека економичноста е за 19% подобрена во однос на, досега единствениот понуден, 5,7 литрениот V8 HEMI мотор. Дали тоа ќе биде аргумент за зголемувањето на продажбата ќе покаже времето.


