Најавени се три премиери
На претстојната смотра на мобилност, која ќе се одржи во Минхен од 5 до 10 септември, Opel најави три премиери и сите се однесуваат на електромобилноста на која компанијата е многу посветена. Најавено е дебито на Astra Sports Tourer Electric што ќе биде прво претставување на јавноста. Своето деби ќе го има и ревидираната Corsa. Најуспешниот германски мал автомобил во изминатите две години се менува. Како Corsa Electric, во иднина ќе биде достапна и со помоќен мотор и подолг опсег. Opel засега не сака да го открие третиот модел. Тоа го чува за како саемско изненадување на штандот на Opel во центарот на Минхен.


