Необичен, отмен и привлечен
BMW претстави особено убава интерпретација на тема Shooting Brake, и не го негира можното малосериско производство
Во портфолиот на BMW веќе е запишан модел чија купе форма е надоградена со каравански заден дел. Тоа се случи со Z3 Coupé кој беше изведен од двосед кабриолетот Z3. На почеток критикуван од широката публика, денес овој автомобил е во алејата на барани класици.
BMW на Concorso di elegancea на езерото Комо, манифестација во која учеството е рамно на престиж, прикажа студија на која ја следи истата филозофија. Освен неколку детали, долгиот преден дел одговара на Z4.
Направените интервенции на задниот дел јасно го дефинираат карактерот на дизајнерската студија.
Додадени се прозорци зад вратите, нежно наведнатиот покрив има издигнувања на двете страни, а задната врата со релативно низок праг за товарење овозможува пристап до пространиот багажник.
Контролната табла на Concept Touring Coupé е превземена од актуелниот Z4, само за оваа прилика е прекриена со кожа. Сиво-кафеавата боја во интриерот го покажуваат потенцијалот и елеганцијата на дизајнот на Z4.
Атрактивниот, елитистички изглед на студијата покажува дека родстерската основа која е изразено агресивна може да се трансформира во нешто далеку пософистицирано. По согледувањето на првичните реакции од BMW изјавија дека е можно да се произведе лимитирана серија на овој отмен убавец.

