Производството ќе биде во Кина
Во својата гама Audi има неколку модели што се произведуваат во Кина. Идниот Audi A6 Avant e-tron за глобалниот пазар ќе се изработува таму, но неговото значење е во тоа што ќе биде позициониран високо во гамата на ценетиот производител. Засега сé уште ексциплитно не е објавено кога да го очекуваме, но секако нема долго да се чека бидејќи животниот век на сегашниот A6 се ближи кон крајот.
Најран датум за негово пазарно лансирање би била идната година до кога Audi ќе мора да ги организира сите работи околу неговово производство. Она што засега го знаеме е дека ќе биде со авангарден но препознатлив дизајн и дека ќе ја користи новата и модерна платформа која Audi ја развива заедно со Porsche. Нејзината архитектура ќе биде со 800 волти а силните електромотори ќе понудат перформанси достојни за марката со четирите прстени. Внатрешност простор секако ќе биде поголем од сегашните бензински и дизел верзии на A6, а цел на инженерите од Инголштат е да се достигне автономија од околу 700 километри.


