Mercedes-AMG GT – Исполирана, накитена и префарбана

Шестката во обид да стане осумка

Mercedes-AMG GT 43 и GT 53 добија изглед типичен за осумцилиндерските изведби

Помалку зачудувачка, а за вистинските поклоници на AMG верзиите и разочарувачка, е последната вест што пристигна од таборот на спортската филијала на Mercedes-Benz.

Позната по своите спортски перформанси и силни мотори, сега таа се пушта во козметичките води. Изведбите GT AMG GT 43 и GT 53 со четири врати останаа со шест цилиндерски мотори, но затоа добија „V8 Styling“ со можност за допочнителна идивидуализација и нова бела боја!

Тие се препознаваат по новата предна маска, која го китеше претходните изведби на варијантите со осум цилиндри. Додадени се електричен сончев покрив и опцијата за безжично полнење на паметни телефони помеѓу задните седишта кои сега се стандардна опрема.

Употребени се уште дополнителни третмани во кои се вклучени хромирани или карбонски украси, во зависност од желбата на купувачите. Механиката не е чепкана. Останаа двете верзии на трилитрениот шест цилиндраш со благ хибрид кој во GT 43 испорачува 367 и во GT 53 435 коњи. На двата мотори 48 волтните електрошокови им дополнуваат на споменатата сила уште 22 КС.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER