Renault Clio жари и пали уште откако прв пат се симна од монтажните ленти во 1990 година и досега во светот е продаден во 16 милиони примероци. Лансиран во пет генерации, за успехот сигурно придонесува и тоа што Французите постојано го унапредуваат и подобруваат. Нивните комшии од Италија пак ја ревитализираат легендарната Lancia. Овој потфат не е лесен, но преку студијата Pu+Ra HPE се укажува на славното минато и се открија плановите за иднината. Дури 2026 ќе дојде потполно нов модел а потоа ќе следат по еден секоја година


