Maserati Grecale Folgore – Електричен, поспор и потежок

Вториот електричен тризабец

Maserati на палетата својот секси кросовер Grecale ја придодаде и електричната верзија според новата номенклатура наречена Folgore. Италијанците не го кријат своето одушевување од неа истакнувајќи дека е скоро подготвена за производство.

За разлика од GranTurismo Folgore кој има три електромотора и архитектура од 800 волти, Grecale има сосема поинаква и поедноставена концепција.  Неговиот систем работи на половина од тој напон, а погонската сила ја обезбедуваат по еден електромотор на секоја оска со вкупно 557 коњи. Капацитетот на батериите лоцирани под подот изнесува 105 киловат-часа, а проценетата автономија е 500 километри.

Лошата страна на Grecale Folgore е што е потежок за цели 450 килограми од бензинската алтернатива. Затоа и не чуди што забрзува до сто километри на час за 4,1 секунда што е за три десеттинки повеќе. Располага со четири режими на возење а за комфорот се грижи воздушното ослонување.

Продажбата ќе му стартува при крајот на годината, а за цените се уште нема најава. Но затоа се знае дека наредниот електричен модел на марката ќе биде спортскиот MC20. План на Maserati е до 2030 година целосно да се премине на струја.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER