Tesla Model Y најпродаван во Европа во првиот квартал

Бензинците најбарани, електричните со најголем раст, а дизелите и понатаму тонат

Продажбата на нови автомобили во Европа која забележа најголем пораст од 2019 година ги потврди трендовите од минатите месеци. Според асоцијацијата на европските производители ACEA во март вкупно беа продадени 1,42 милиони возила, што е за 26 отсто повеќе од истиот месец лани. Но она што привлече најголемо внимание се податоците на Jato Dynamics кој ја следи продажбата и по модели. Според нив најпродаван во Европа во првиот квартал е Tesla Model Y, кој со 72-те илјади пласирани примероци и порастот од 172 отсто далеку го надмина второпласираниот Sandero кој стигна само до 60 илјади регистрации. Во нивната топ-10 табела се гледа и дека деценискиот неприкосновен владетел Golf е на последното место со 43 илјади пласирани единици, како единствен модел чија продажба има опаднато. Од другите меѓу нив треба да се истакнат и Toyota Yaris Cross на шестата позиција со продадени 53 илјади примероци и пораст од 57 отсто и Fiat 500 кој со 46-те илјади регистрации е веднаш зад него. Се забележува уште и дека меѓу првите 10 нема друг електричен автомобил иако нивната продажба е порасната за една третина и тие сега зафаќаат 13,4 отсто од пазарот.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER