Mercedes-Maybach EQS SUV – Прв од својот вид (фото галерија)

Како и многу други пред него, првиот електричен модел на Mercedes со потписот на луксузната марка беше претставен во Шангај

Не, не се работи само за значењето на кинескиот пазар за продажбата на луксузните возила, се работи за престиж проткаен со доза мистичност бидејќи претставувањето е некаде таму, далеку од нашите очи. Тие сепак ќе видат препознатливи линии бидејќи рецептот е познат – Mercedes-Maybach EQS 680 е настанат со визуелно облагородување на истоимениот SUV со Benz во ознаката. Ексклузивноста е истакната со впечатливата црна маска специфична за Maybach изданијата која обезбедува непогрешлив изглед.

Благодарејќи на исклучителните материјали, совршената изработка и прецизно изведените детали, пространата внатрешност нуди уникатно искуство. Не треба да кажеме дека со својата доследна интерпретација за софистицираниот луксуз, Mercedes-Maybach EQS SUV поставува нови стандарди во врвниот сегмент на електрични возила. Извонредноста е нагласена со цел да се надминат очекувањата на купувачите, колку и да се високи. Тоа ги вклучува најдобрите технологии на Mercedes, спакувани во прогресивните пропорции. Нема разлика од базичниот EQS SUV, а и не треба да има бидејќи и тој самиот е доволно широкоград да обезбеди пријатна и релаксирана атмосфера во возењето. Maybach EQS 680 сепак за патниците назад има издвоени фотелји кои вообичаено поседуваат широк избор електрични подесувања, греење, ладење и масажа.

Електромобилноста ја обезбедуваат моќниот погонски склоп со 658 KS, 950 Nm и спојка која ја прекинува врската меѓу моторот и предните тркала во режим на возење на автопат. Батериите со масивни 107,8 kWh овозможуваат автономија до некои 600 km, после што можат да се освежат на полначи со моќност од 200 kW. Од мирување ја фаќа стотката за 4,4 секунди, а максимално овозможената брзина изнесува 210 km/h. Ќе се произведува во истите погони во Соединетите Американски Држави како и EQE и EQS, а цената која не ја знаеме многу веројатно ќе се движи околу бројката 200.000.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER