Mitsubishi Colt – Наесен во Европа

Пиштолите повторно на маса!

Благодарение на Renault Clio, Mitsubishi Colt се враќа во живот

По девет години апстиненција, на Стариот континент се враќа Mitsubishi Colt. Новото издание на малиот автомобил е базирано на новиот Clio од стратешкиот  партнер Renault и официјално ќе биде претставено во јуни. Како што е типично за таа класа, тој има 1.0-литарски трицилиндричен бензински мотор кој испорачува 67 КС, додека верзијата со турбополнач има 91 КС. И двете варијанти имаат рачен менувач. Топ моделот е Colt со хибриден погон, кој испорачува 143 коњи и комбинира 1,6-литарски бензински мотор со два електрични мотори и автоматски менувач. Сите три варијанти на погон ќе да бидат достапни на пазарот. Цените, мормално, не се познати и ќе бидат објавени кон крајот на летото.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER