KIA EV9 – Познати техничките поединости

Предводник кон иднината

EV9 е првото електрично спортско-корисно возило на KIA. На пазарот доаѓа во втората половина на годината.

Улогата на предводник на гамата модели кои допрва ќе дојдат од KIA му припадна на штотуку претставениот EV9. Несекојдневниот робусен дизајн на каросеријата долга пет метри е атрактивен.

Иако не делува така, има коефициент на отпор на воздухот од 0,28 благодарение на неговата тродимензионална облога на подвозјето. Со меѓуоскино растојание од 3,10 метри, има избор на конфигурација со шест и седум седишта, при што вториот ред седишта се нуди во четири варијанти прилагодени на различни ситуации за користење, вклучувајќи застанувања на подолги паузи или товарење.

KIA нагласува дека е овозможена автономија до 540 километри и, благодарение на технологијата од 800 волти, може да наполни електрична енергија за речиси 240 километри во рок од 15 минути. На одредени пазари, EV9 ќе се нуди со автономно возење ниво 3. Батеријата од 99,8 киловат-часови го снабдува погонот со електрична енергија. Има верзии со погон на задните или на сите тркала, како и верзија со помала батерија за одредени пазари.

Во најмоќната изведба, два мотори испорачуваат вкупно 283 kW и 600 њутн метри вртежен момент. EV9 AWD забрзува до 100 км/ч за шест секунди. Послабата варијанта е со погон на задните тркала каде за движењето е задолжен електричен мотор од 150 kW со 350 Nm, кој го забрзува теренецот до стотка за 9,4 секунди. Со помалата батерија од 76,1 kWh, тој испорачува 10 kW повеќе со ист вртежен момент и спринт до 100 км/ч пократко трае една секунда.

EV9 ќе биде опремена со автономниот асистент за паркирање кој му овозможува на возачот да биде надвор од автомобилот и се заснова на 15 сензори и детекција на околината од 360 степени. Воедно, големиот теренец со три реда седишта по потреба може да напојува и повеќе надворешни уреди – од лаптоп до пикник ладилник. Продажбата во Кореја ќе стартува овој квартал, а на одбрани глобални пазари наесен. Цените дополнително ќе бидат објавени.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER