Трио мањифико
Трите спортско корисни возила на ЅЕАТ продадени во над милион примероци
Популарноста на спортско корисните возила (SUV) од година во година расте. ЅЕАТ во овој сегмент учествува шест години со три модели. Минатата година, Arona, Ateca и Tarraco веќе учествуваа со 49% од глобалната продажба на брендот, со 192.100 единици.
Дизајнот, разновидноста и спортското возење имаат суштинска улога помеѓу причините за нивната популарност. Arona е најпродаваниот модел меѓу нив. Се издвојува по својот функционален и практичен дизајн, младешкиот и приспособлив имиџ, вредноста за парите, одличните динамични перформанси и технолошката внатрешност, кои го прават удобен, поврзан и многу безбеден автомобил.
Таквите атрибути го направија најомилен од трите модели на пазарот во Шпанија каде се забележаа близу 98.000 регистрации од вкупно 481.585 продадени единици на глобално ниво. Веднаш зад Arona се наоѓа Ateca, првото спортско корисно возило во историјата на марката.
Овој модел не само што го проби мразот, Ateca ја освои престижната награда на европското AutoBest жири, понесувајќи ја титулата Best Buy Car за 2017 година. Квалитетите на Ateca најдобро се препознаени во Германија каде се продадени 108.000 примероци од вкупно произведените 435.443 примероци. Германците најмногу ги убеди агилноста, стабилното и удобно управување во секоја ситуација, нагласени во верзијата со погон на сите тркала 4Drive.
Во 2018-та триото го оформи робусниот Tarraco. Тој се издвојува со неговата пространост и верзија со 7 седишта, со капацитет на багажникот до 1.775 литри со склопени сите редови на седишта. Досега на глобално ниво се продадени 88.820 примероци. Како и кај Ateca, најголем пазар за Tarraco е Германија, каде што се продадени 29.000 единици. Велат дека патот до првиот милион е тежок, а потоа сѐ е полесно. Веројатно тоа и во случајот на ЅЕАТ ќе биде потврдено.



