Dodge – На обвиненичка клупа

Сопствениците на Durango Hellcat SRT го тужат Dodge

Поради непромисленост или поради алчност Dodge се соочи со тужба?!

Откако почетокот на испораката на Dodge Durango SRT заради пандемијата дебело доцнеше, а во меѓувреме за неполни три месеци беше целосно распродаден, од Dodge одлучија да го зголемат производството од најавените две на 3.000 примероци. Но ни тие не беа доволно. Интересот за овој 6,2 литарски теренец со три реда седишта чиј осумцилиндричен мотор со два компресори развива 710 коњски сили продолжи. Заради тоа се најде во планот за производство и за наредната 2022-ра моделска година, во тираж од уште 1.000 примероци.

Чашата сепак го прели тоа што неговото производство продолжи и за тековната 2023-та, без притоа од Dodge да прецизираат уште колку возила ќе направат. Заради сето ова оние кои први застанаа на ред за него плаќајќи скоро три пати повеќе од основниот модел се чувствуваат измамени. Тие едноставно не сакаат секој да може да почувствува како изгледа забрзувањето до 96 километри на час за 3,5 секунди. Љубоморно чувајќи го своето одушевување, тие „стегнаа“ тужба на Dodge во која наведуваат дека нивата инвестиција е загрозена и дека возилото што го купиле повеќе не вреди како што првобитно им било презентирано. Големо прашање е колку ќе потрошат за адвокати, уште поголемо дали тужбата ќе ја добијат но нивната упорност покажува дека фер односот кон купувачите е од клучно значење за имиџот на една компанија. Од Stellantis нема никаков одговор на обвинувањата кон нив под изговор дека не можат да коментираат додека судскиот процес трае. Колку за информација, лани од Dodge Durango од сите верзии во Соединетите Американски Држави се продадени 55.433 примероци.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER