Живееме во чудни времиња. Производството се намалува, на секаде се зборува за недостатоци на репро материјали а профитите на компаниите растат до зачудувачки граници. Автомобилската индустрија сака тоа да го оправда, па неуморно работи на нови модели и подобрување на постоечките. Во денешното издание ќе обврнеме внимание на неколку интересни теми околу електричните возила, ќе ви прикажеме како ќе изгледа внатрешноста на идната Mercedes E класа, а за жал пристигнуваат и вести за заминување од сцената на некои модели и култни мотори. Ова е накратко содржината на денешното издание. Добредојдовте во новата премиера на Авто Магазин.


