Саемите на автомобили, барем во Америка се уште се во мода. Оваа неделa заврши смотрата во Чикаго каде се претставија неколку интересни новитети. На светскиот трон на најпродавани автомобили Toyota Corolla се задржа дваесет години по ред, а според студијата на J.D.Powers, возила со најмалку дефекти се оние на далекуисточните марки. Сто години наврши детелинката со четири листа која и носи среќа на Alfa Romeo и нејзините спортски изведби. Обновени се тандемот BMW X5 и Х6, а новата студија од универзитетот од Грац покажува дека приклучните хибриди не се она што би требало да бидат. Ова е накусо содржината на денешната емисија.


