Теренската приказна продолжува
Сеопфатни подобрувања за поимпресивни возни својства и удобност
Во текот на летните месеци Volkswagen ќе го претстави редизајнираниот Touareg, модел кој досега се продаде во повеќе од милион примероци. Со претстојното освежување апостроф се става на техничко и визуелно ажурирање на премиум теренецот.
Задниот и предниот дел се редизајнирани, потпирањето е дополнително развиено за да импресионира со комбинацијата на удобност и перформансите. Пред светската премиера Volkswagen објави фотографии за да даде иницијален преглед на ажурирањето за својот врвен модел. Камуфлираниот нов Touareg сè уште е во фаза на тестирање во арктичкиот круг во шведска Лапонија. Иако модификациите на дизајнот сè уште се скриени под камуфлажната обвивка, фотографиите од маскираниот прототип веќе даваат конкретен преглед на првите технички детали.
Напред се воочуваат новите предни светла IQ.LIGHT HD со 38.400 микро LED диоди. Како прв модел од Volkswagen во Европа, новиот Touareg има осветлено лого на задниот дел. Volkswagen дополнително го разви подвозјето на Touareg. Меѓу другото, сега се користи и сензор за оптоварување на покривот, кој е вмрежен со електрониката на возилкото. Доколку е инсталирана покривна кутија, сензорот го препознава ова и ги пренесува овие информации до системите за помош како што е ESC.
Ова ја зголемува стабилноста при возењето. Стандардната челична пружинска амортизација и опционалната двокоморна воздушна суспензија, исто така, добија нова поставка за да се постигне уште поголем опсег помеѓу врвната удобност и оптималните перформанси. Обновениот Touareg е опремен со „Innovision Cockpit“ кој се ракува преку централниот екран на допир од 15 инчи, мултифункционалниот волан и аналогните елементи како што е контролата на јачината на звукот во централната конзола.
„Innovision Cockpit“ на новиот Touareg нуди, меѓу другото, прецизна навигација со висока резолуција. Гласовните контроли се дополнително развиена како и интеграцијата на апликациите преку паметен телефон и „App Connect“ (Apple CarPlay, Android Auto) сега може да се врши и безжично. Ова се првичните информации, а како се доближува времето на премиерата ќе бидат обелоденети и деталните технички новости.


