Профитот скокна за 13%
Продажбата на Ferrari лани се зголеми, а прогнозата е понатамошно зголемување на продажбата и годинава!
Италијанската икона на тркала минатата година оствари чист профит од 939 милиони евра, акциите сега вредат 5,09 евра по акција додека приходот се искачи на 5,095 милијарди евра. Испорачаните вкупно 13.221 возила во 2022 година запишаа нов рекорд за компанијата кој е за речиси 19 отсто повеќе од 2021 година.
Со тоа вредноста на акцијата се зголеми за 1,26 евра. Овие бројки ја обезбедуваат основата за уште посилна 2023 година, поттикната од постојано високата побарувачка за „растегнатото коњче“ ширум светот. Европа, Блискиот Исток и Африка беа најголемиот пазар за Ферари во 2022 година, со 5.958 продажби.
Следи Америка со 3.447 продажби, 22 отсто зголемување од 2021 година, Кина, Хонг Конг и Тајван со 1.552 продажби (73 отсто повеќе од 2021 година), а пацифичкиот регион забележа 2.264 продажби што е зголемување од 17 отсто. Ferrari вели дека зголемувањето на испораките оваа година е поттикнато од популарноста на Portofino M и SF90 Stradale и Spider, како и на 296 GTB и 812 Competizione. Ferrari предвидува силна 2023 година и очекува нето приходите да достигнат 5,7 милијарди евра.


