С4Х е сè, само не е обичен!
Aвтонова, увозникот на Citroën за Македонија, Србија, Косово, Албанија и Црна Гора го прикажа новиот С4Х
Најновото остварување на „двојниот шеврон“, носител на еден потполно нов пристап во понудата на француската марка ќе ги маѓепса македонските љубители на автомобили.
Со неговата интригантна појава тој е освежување во понудата во помалку здодевната компактна класа возила или популарно наречениот „ц“ сегмент, каде царуваат кросоверите.
С4Х не е ниту хечбек ниту кросовер, но обликот на каросеријата, понудената просторност и удобност ги обединува атрибутите на двата типови возила. Наменет е оние кои им треба повеќе простор и пристапна цена, а сето тоа е врамено со атрактивен дизајн и изразена функционалност.
Предницата е типична за формата на Citroen додека задниот дел е во склад со новите дизајнерски трендови во кого се претопуваат купеовските линии и класичните лимузински атрибути проследени со багажен простор со извонредни 510 литри капацитет.
Кај нас во понуда се веќе добро познатите мотори на групацијата Stellantis. Изборот го сочинуваат проверените бензински Pure Tech, во верзии со 100 и 130 коњи, и Blue HDi дизелот од 130 коњи.
Тие ја задоволуваат нормата Еуро 6.4, имаат со шест степен мануелен менувач, а како опција е осум степениот автоматик. Покрај атрактивната појава Citroen C4X има добро избалансирана цена која започнува од 22.390 евра за изведбата со 1,2 литрен бензинец од 100 КС.
Како промотивна понуда Автонова за истата сума пари ја нуди за пет илјади евра поскапата Feel Pack верзија. Најскапата верзија на С4Х достигнува до 32.490 евра за што се добива дизел мотор со автоматски менувач во највисокото ниво на опременост Shine Pack.



