Мост меѓу сонот и јавето
Во 1948 година Фердинанд Порше го оствари својот сон, го креираше 356 кој го означи раѓањето на легендарниот бренд и ги постави темелите на успешната негова приказна. Сега, 75 години подоцна, компанијата гледајќи напред го слави овој јубилеј оддавајќи му почит со концептот Vision 357.

Со концептот Vision 357 сегашноста и иднина визуелно се поврзуваат со минатото кое стилски го одбележија препознатливите линии и пропорции на спортскиот автомобил кој имаше 1,1 литарски мотор со едвај 40 коњски сили.
Но тоа нималку не беше пречка тој да стане легенда уште додека се произведуваше. Бројни се деталите кои ја прават неговата едноставна форма толку ускладена и емотивна. Нив и сегашниот концепт ги почитува. Рачките на вратите се скриени во задните странични стакла.
Нема ретровизори кои се заменети со камери, додека светлата се вкорпорирани во самите панели на каросеријата. Задното стакло не е поделено, но сите стаклени површини визуелно се споени со црно обоените столбови. Назад се забележуваат двете големи издувни цевки кои се јасен сигнал каков мотор се наоѓа во него.
Тој како и поголемиот дел од механиката е презеден од 718 Cayman GT4 RS. Сигурно е дека неговите 500 коњи атмосферски истиснати од шесте боксер цилиндри ќе обезбедат незаборавно возење. Но и еколошки прифатливо затоа што користи синтетичко гориво.
Дефинитивно ова е иднината која сите поклоници на Porsche би сакале да ја видат и доживеат, но колкави се изгледите за тоа нема одговор. Додека 356 беше произведен во околу 78 илјади примероци, 357 е само дизајнерска студија. Тоа сепак не значи дека не постојат планови да се направи нешто слично за производството. Да се надеваме дека е така.


