VW – Народните возила ќе добијат аристократски изглед?

Фолксваген го смени шефот за дизајн

Од први февруари Андреас Минд од Бентли ќе стане новиот шеф за дизајн на Фолксваген. Дали тоа значи крај на рокадите на дизајнерите во групацијата?

Извршниот директор на VW го смени шефот за дизајн затоа што не бил импресиониран од неговата работа. Оваа вест доаѓа од анонимни извори од корпоративните кругови на VW. Томас Шефер, извршниот директор на брендот VW, најави дека компанијата ќе мора да ги ревидира своите планови за да стане она што сака да биде, еден од лидерите во електрификацијата со своите идни модели. Како стојат работите Шефер не е задоволен со дизајнот на градскиот автомобил ID.2 кој беше најавен со концептот ID. LIFE.

Јозеф Кабан  дојде во VW од BMW во 2020 година, иако работеше во различни брендови на Volkswagen Group помеѓу 2003 и 2017 година. Тој ќе биде заменет со Андреас Минд кој ќе ја напушти функцијата во Bentley, исто така дел од групацијата VW,  за да ја преземе новата задача. По прашање на дизајнот, групацијата Volkswagen минува низ реконструирање на раководните дизајнерски кадри. Во декември извршниот директор на групацијата Фолксваген, Оливер Блуме, го отпушти Клаус Зициора од местото шеф на дизајн на групацијата, заменувајќи го со Мајкл Маурер од Порше.

Испразнетото место на Андреас Минд во Bentley ќе го потполни Тобијас Зулман кој беше шеф за надворешен дизајн во Кру. Кабан, сепак, нема да биде отпуштен. Извештаите укажуваат дека директорите не се потполно незадоволни од неговата работа, туку ќе му дадат нова задача во организацијата. Сепак, каква ќе биде таа улога, сè уште не е јасно.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER