RAM 1500 Revolution – Американските фармери ќе возат на струја!

Револуција и еволуција

Без многу брзање пуштајќи ги другите први да ги претстават своите адути, и Chrysler конечно го подготви својот електричен пикап.

Наречен 1500 Revolution и ќе биде лансиран под ознаките на комерцијалната филијала Ram веќе идната 2024 година. Името не му е случајно избрано бидејќи тој во себе има имплементирано повеќе напредни технолошки решенија кои можат да го редефинираат сегментот.

Задоцнувањето во однос на другите ќе се обиде да го надомести со радикално различен дизајн. Една од причините е потполно новата електрична платформа наменета за сите поголеми модели на Stellantis. Подолг е за десетина сантиметри, а батериите се поставени во подот.

Двата електрични мотора поместени во крајните зони ги задвижуваат сите четири тркала. Ги нема препознатливите детали како на пример гломазната маска, а товарниот сандак не е одвоен од кабината и помеѓу нив постои преграда која може да се извади. Концептот има и дигитални странични ретровизори кои се помали, полесни и аеродинамично оптимизирани.

Ентериерот е повеќе или помалку очекуван, а вратите кои се отворат спротивно една на друга немаат средишен столб. Изненадува третиот ред седишта кои можат да се склопат и користат по потреба. Информациите за механиката засега се штури. Се знае само дека на 350-киловатни полначи батериите за десетина минути ќе добијат доволно струја за 160 километри, како и дека ослонувањето е воздушно и самонивелирачко а сите тркала се управувачки.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER