Hyundai и KIA – Прогнозираат раст од 10% во 2023 година

Оптимизам со основа

Иако минатогодишните планови не се исполнети, двете компании си зададоа поамбициозни цели

Минатата година скоро сите производители на возила потфрлија во остварување на продажните планови од добро познатите причини. Недостигот на чипови и компоненти,  нарушувањето во синџирот на снабдување и инфлацијата го направија своето. Од овие негативни влијанија планираните 7,16 милиони возила Hyundai и Kia не ги исполнија и забележаа продажба од 6,85 милиони возила во 2022 година, што е за околу 4 отсто помалку. И покрај неизвесноста која лебди во воздухот, компаниите соопштија дека ќе таргетираат глобална продажба од 7,52 милиони возила оваа година. Аналитичарите велат дека продажните цели на двете компании за оваа година се агресивни, но остварливи, со оглед на зголемената глобална побарувачка за возила. Сепак економските пречки, како што се високите каматни стапки, би можеле да ја намалат продажбата на автомобили, особено во втората половина од годината. Hyundai забележа глобална продажба во 2022 година од 3,94 милиони возила заедно со брендот Genesis. Овој резултат се должи  од зголемената побарувачка благодарение на Ioniq 5 и успешното лансирање на Ioniq 6. Целта на Hyundai за 2023 година е да продаде 4,32 милиони возила. Од друга страна KIA очекува нејзиниот глобален волумен за 2023 година да достигне 3,2 милиони возила, а најголеми надежи се полагаат на спортско-корисните возила и електричните модели.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER