Subaru Forester – XT Edition

Половина век 4х4

Со специјалното издание на Forester, Subaru прославува 50 години погон на сите тркала.

Веќе половина век, моделите на Subaru традиционално се пробиваат низ автомобилската џунгла со перманентен погон на четири тркала, едно од двете препознатливи остварувања за марката, покрај боксер моторите.

Јапонскиот производител овој јубилеј го прославува на домашниот пазар со посебен модел на Forester. XT Edition е базиран на Forester Sport понуден во Јапонија, кој е опремен со 1,8 литарски турбо бензинец со директно вбризгување на горивото со 177 КС и 300 Nm вртежен момент.

Комбиниран е со CVT менувач и секако погон на сите тркала. Опремата за славеничката едиција вклучува специјална колоритна завршна обработка, при што може да се избере помеѓу четирите тонови на бои. Кристално бел бисер, магнетитно сиво металик, црна и специјалната боја гејзир сина одбрани за оваа пригода. Бандажите кои секогаш се обоени во црно, се надополнуваат со шини на покривот, кои исто така се обоени во црно.

Решетката на ладилникот и класичното лого на Subaru се исто така обоени во темно, како и опкружувањето на светлата за магла, куќиштата на надворешните ретровизори и другите делови на телото, како што се опкружувањето на задното стакло или задниот дифузор. Оваа изведба останува резервирана за Јапонија, но не е исклучена можноста славењето да се прошири и на останатите пазари.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER