Jaguar F-Pace – Поголем дострел на хибридите

Засилен напон

2023 година уште не започна, Jaguar веќе покажа дел од планираните освежувања за моделската 2024!

Со дискретни оптички зафати британците само го нагласуваат техничкото модернизирање на F-Pace. Акцентот е ставен на намалување на штетните издувни гасови преку зголемување на дострелот на приклучните хибриди.

Jaguar F-Pace 400e доби поголема Литиум-Јон батерија која во својата архитектура има еднен модул повеќе. Со ова е зголемен нејзиниот капацитет на 19,2 kWh од каде ќе има доволно енергија за 65, наместо досегашните 53 километри според WLTP нормата.

Иако засилена е батеријата, системската сила остана иста, 404 КС, максимален обртен момент од 640 Nm и пренос на силата на сите тркала. Вака стокмениот F-Pace го апсолвира спринтот од стоечка позиција до стотка за 5,3 секунди, а сказалката на брзиномерот запира на 240 км/ч.

Во електричен модус на возење се достигнуваат 140 км/ч по што се вклучува класичниот мотор. Во сите нивоа на опременост се зголемува дигитализацијата. Веќе во основната изведба вклучен е 11,4   инчниот TFT дисплеј во улога на инструмент таблата и големиот централно поставен 12,3 инчен  екран на допир одговорен за инфо-забавниот систем.

За непречена поврзаност со сите паметни уреди овозможени се Apple CarPlay, Android Auto, Amazon Alexa и софтверско надградување на возилото “over the air”

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER