Cupra Terramar – Made in Hungary

Новиот кросовер ќе се произведува во Унгарија

Некогаш порано Audi Q3 се произведуваше во Seat, но од втората генерација тој доаѓа од Унгарија. Сега пак заедно со него во истите погони се подготвува производството на претстојниот Cupra Terramar, кој раководството на шпанската марка им го претстави на вработените таму. Овој кросовер долг 4,5 метри кој веројатно ќе ја замени Cupra Ateca ќе биде последниот со мотор со внатрешно согорување.

Според претходно објавените информации покрај како благ хибрид ќе се нуди и со плаг-ин погон способен да помине стотина електрични километри. Концептот што го видовме во јуни се одликува со интересни дизајнерски решенија и уникатен ентериер кој предизвикува емоции. Шпанците велат дека спортскиот дух се истакнува со секој детаљ, но тоа засега го имаат видено само вработените во Audi Унгарија. Ние ќе мора да почекаме уште малку бидејќи пазарниот старт му е планиран за 2024 година.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER