Чешка конструкција, јапонски мотор
Многу познавачи на автомобили првенствено ја поврзуваат марката Прага со камионите произведувани во тогашна Чехословачка до 1990 година.
Можеби политички не е коректно денеска да се најави автомобил без електрична поддршка, но и тоа се случи. Чешката компанија за машинско инженерство сега е посветена на производство на картинг возила, авиони, како и на тркачки автомобили.
Прага сега ги претстави во пред-продукциска серија прототипи на легален хиперавтомобил што треба да се произведува во мали серии. Благодарение на јаглеродот, Bohema не тежи ни 1000 килограми. Двоседот е придвижуван од 3,8-литарскиот твин-турбо V6 мотор од Nissan GT-R, кого чесите во својата каросерија го поставија средишно.
Како најавуваат, на крајот од развојот јапонскиот мотор би требало да развива 700 КС додека максималната брзина на Praga Bohema ќе биде нешто повеќе од 300 км/ч. Производството е предвидено да започне во Чешка во втората половина на следната година. До крајот на 2023 година рачно ќе се изработат десет возила, а потоа околу 20 годишно.
Кога ќе се произведе 89-от примерок, производството ќе запре. Зошто токму 89 примероци? Одговорот е едноставен. Со тоа се одбележува победата на Praga Alfa пред 89 години на друмската трка долга 1000 милји во Чехословачка. Предвидено е возилата да им бидат предадени на сопствениците на тркачката патека и упатството да го спроведе искусен тест возач. Цената ќе биде нешто под 1,3 милиони евра без давачки.

