Mondial de l’Auto 2022

Салонот на автомобилите во Париз се враќа!

После четири години отсуство и сериозна трансформација, салонот Mondial de l’Auto во Париз се враќа на автомобилската мапа. Настанот овој пат споен со трговскиот саем Equip Auto во нова форма и нов назив Paris Automotive Week официјално започнува денес и ќе трае до 23 октомври. Местото каде ќе се одржи е исто – Paris Expo на Порт де Версај, каде некогаш се собираше целокупната белосветска автомобилска елита. Организаторите сега не најавуваат голем број изложувачи, но ветуваат низа придружни настани. Ние сме веќе тука, во Париз, за да од прва рака ви ја доловиме постпандемиската атмосфера на овој порано еден од најзначајните салони на автомобилите во светот.

 

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER