Возбудлив настап на Гробник
Изминатиот викенд се одржа третата трка од Twingo Cup кој се бодува за домашниот шампионат. На патеката гробник покрај Ријека, Марко Блажевски беше најбрз од македонските возачи кои беа најбројни, од вкупно 36 возачи од шест земји Марко Блажевски се до последниот свиок беше во водство и блиску до триумф во генерален пласман, но „заробен“ од неколку словенечки возачи немаше шанса на последниот правец пред целта да ја задржи брзината и во фотофиниш сепак му избега подиумот.

Првите шест возачи во генерален пласман што се бодуваше и за ЦЕЗ и за првенството на Словенија, беа во временска разлика од помалку од една секунда и целата трка беше возбудлива, па дури и безбедносното возило излезе на патеката на 13 минути пред крајот. Туркања, престигнување, интересни дуели имаше во текот на целата трка, нешто по што Twingo Cup е препознатлив и поради што има и толку натпреварувачи. Покрај Марко Блажевски кој победи, на пиедесталот во бодувањето за првенството на Македонија се најдоа и Давид Малинковски кој беше второпласиран и Зоран Мираковски како третопласиран. Со триумфот на Гробник сега Блажевски има 75 бода, десет повеќе од актуелниот првак Давид Малинковски кој има 65 бод аи на трката беше второпласиран. Зоран Мираковски по третпат се искачува на пиедесталот сезонава и со новите 12 бода сега има 46 бодови во генерален пласман.

На Гробник беа планирани две трки од Twingo Cup; но вториот натпреварувачки ден беше целосно откажан по инцидентот со фатални последици што се случи на едночасовната трка на издржливост Endurance. Организаторот реши да ги откаже сите трки од неделата, меѓу кои и оние од Twingo Cup. Генерален пласман по пет трки во Twingo Cup во првенството на Македонија: Марко Блажевски 75 бода, Давид Малинковски 65, Владимир Тренески 49, Ангелче Стојковски 48, Слободан Трајковски 46, Зоран Мираковски 46, Борис Стојменов 19, Ненанд Костовски 12, Мурис Камзиќ 8 бодови. Следен тркачки викенд оној што треба да се вози на патеката кај Брно, Чешка од 9 до 11 септември.


