Volvo – Реструктуирање за исполнување на амбициите

Нова структура со познати кадри

Стратешката насока да станат производител исклучиво на електрични возила до 2030 година Швеѓаните започнуваат да ја реализираат. Постигнувањето на целта зависи од луѓето што треба да ги водат останатите па компанијата сега ги дотерува лидерските одговорности во својот атар. Volvo сака во своите модели  да создаде вредност преку технологија, развој на производи, дигитални и софтверски способности. Затоа направен е нов органиграм за да ја поедностави раководната структура со јасни одговорности кој ќе почне да се применува од денес. Џим Роуан, извршен директор на Volvo Cars, направи повеќе поместувања по „хоринзотала и вертикала“ со цел  да го зголеми извршувањето и поблиската соработка во целиот бизнис. Сега се створени услови компанијата да продолжи понатаму во подготовката и реализацијата на зададените етапни цели кои ќе водат до гама со потполно електричната иднина. Во тоа спаѓа амбицијата Volvo Cars да стане целосно јаглеродно неутрален до 2040 година.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER